Фото: Samsung

Познат е лошиот „углед“ кој го има Exynos чипот кај корисниците, барем кај тие кои читаат малку кога купуваат нов телефон. Кратко кажано, чипот од Samsung, иако повеќето корисници не можат да забележат, доаѓа со послаби перформанси и траење на батеријата, како и загревање во споредба со Snapdragon конкурентот. 

Изминатите неколку месеци можевме да прочитаме неколку неофицијални информации за тоа како наредната верзија од Exynos, односно Exynos 2600, ќе биде доста подобра и ќе ги нема досега критикуваните проблеми. 

Чипот наводно ги надминува конкурентите во неофицијално објавените тестирања, па повторно се очекува дека дел од Galaxy S26 серијата ќе дојде со овој чип. 

Samsung објави видео преку кое го потврдува претставувањето на Exynos 2600, па веќе не мора да се шпекулира за тој дел барем. 

Од краткото видео, може да се заклучи дека големи се шансите неофицијалните информации да испаднат точни, односно Exynos 2600 да биде чип кој веќе нема да го избегнуваат корисниците. 

Samsung го започнува видеото со изјава дека „во тишина тие слушале“, а продолжуваат со тоа дека чипот е подобрен во основата и оптимизиран на секое ниво. 

Ова може да се сфати како најава од компанијата дека чипот е целосно изменет и направен „како што треба“, па останува да видиме. 

Exynos 2600 инаку треба да е направен на основа на 2nm архитектура, но ништо од тоа нема да направи разлика доколку не се решени досегашните проблеми. 

Galaxy S26 серијата се очекува да биде претставена во јануари, но има информации дека овој пат Galaxy Unpacked настанот може да биде поместен и за крајот на февруари