Според неофицијални информации од корејскиот портал Money Today, Samsung претставувањето на наредната Galaxy S серија ќе го направи нешто подоцна од минатите години.
Galaxy Unpacked настанот според овие информации ќе се одржи на 25 февруари, а на него ќе бидат претставени Galaxy S26, Galaxy S26 Plus и Galaxy S26 Ultra. Поради слабата продажба, тенкиот Edge модел наводно нема да добие втора верзија или истата ќе биде претставена подоцна.
Настанот повторно ќе се одржи во Сан Франциско, по промената на локацијата минатата година.
Galaxy S26 серијата можно е да дојде со Exynos 2600 чипот од Samsung кај сите модели, вклучувајќи го и Ultra моделот, кој изминатите години ексклузивно доаѓаше со Snapdragon чип.
Како и минатите години, не се очекуваат драстични новини кај Galaxy S26 серијата, а за разлика од Apple, Samsung се очекува да продолжи со поголемо внимание посветено на Galaxy AI, односно вештачката интелигенција.















