По најавата на почетокот од месецот, Samsung сега и официјално го претстави нивниот Exynos 2600, чип за уредите од највисоката класа.
Ако ги земеме сите досегашни неофицијални информации, а и сега официјалните карактеристики, тогаш можеме да очекуваме дека овој пат Samsung има чип кој корисниците нема да се надеваат дека нивниот уред нема да дојде со него.
Exynos 2600 се промовира како првиот чип на пазарот направен на 2nm технологија, конкретно на GAA – Gate-All-Around процесот од Samsung.
Оваа технологија треба да донесе подобрувања, како и секоја нова генерација, а тоа што се надеваме е дека Samsung ги има решено проблемите поради кои нивните чипови обично се загреваат повеќе, а со тоа донесуваат и нешто послаби перформанси и штедливост во споредба со конкурентите.
Exynos 2600 доаѓа со најновите јадра од ARM, односно Arm C1-Ultra и C1-Pro, а оваа година чипот не доаѓа со „најслабите“ јадра кои се замислени за заштеда на енергија, нешто што полека станува нормално на пазарот.
Од Samsung најавуваат 39% подобрување кај процесорот, како 113% подобрување кај „невралниот“ процесор, а подобрувањето кај графичкиот процесор за истакнува дека е дупло, односно 50% во случајот за „ray tracing“ кај игрите.
Тоа што посебно привлекува внимание и дава надеж дека Exynos 2600 ќе биде вистински конкурент на пазарот е новата Heat Path Block технологија која користи посебни материјали за распределба на топлината, нешто што беше еден од главните проблеми кај претходните верзии.
Како и секогаш, ќе почекаме до тестовите од неколку одлучни „јутјубери“, па со сигурност ќе знаеме каков чип е Exynos 2600.
Сите детали околу новиот чип можете да ги погледнете тука.










































