11_AngleNOOKTodayScreen

Barnes & Noble е најголемиот и единствен национален синџир на книжарници во САД кој што се’ уште функционира на тоа ниво во време на мобилни уреди и електронски книги. Тие исто така работат со продажба на електронски книги, но и дигитална содржина како списанија, весници, филмови, ТВ серии, едукативна содржина и слично. Компанијата се обиде да продава и сопствени е-читачи на книги кои што ги има наречено NOOK, меѓутоа не успеа да ги направи доволно популарни, по што реши да се откаже и тоа да продолжи да го прави во соработка со партнери.

Galaxy Tab 4 NOOK е првиот уред резултат на новиот начин на работа, односно на претставување на уреди во соработка со партнери, во овој случај со Samsung. Уредот е истиот како тој што веќе се продава, односно Galaxy Tab 4, со таа разлика што доаѓа со брендот NOOK и вклучува изменет софтвер за тие потреби, како и софтверските решенија од Barnes & Noble. Корисниците на овој таблет компјутер ќе добијат бесплатно содржина во вредност од 200 долари со регистрирање на уредот, која што вклучува книги, списанија, филмови, ТВ серии и слично.

Galaxy Tab 4 NOOK ќе работи на Android оперативниот систем и за разлика од конкурентите ќе има пристап до Play продавницата за апликации што треба да му даде одредена предност во однос на Kindle, барем кога се работи за изборот на апликации. Доаѓа со 7 инчен екран со резолуција од 1280 x 800 и нивна густина од 221 ppi што сепак не е многу кога ќе се земе во предвид дека се работи за уред наменет за читање. Со оглед на тоа дека се работи за истиот уред кој што Samsung го прадава, тој доаѓа со сите карактеристики на истиот модел.

Извор: The Verge, BusinessWire, Barnes & Noble

Претходна статијаПолнење на мобилните телефони со помош на позадинските звуци
Следна статијаOpera ќе биде стандардниот прелистувач на Nokia уредите кои не работат на Windows Phone
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.