Microsoft изгледа никако не може да дочека повеќе корисници да почнат да ги користат нивните производи, па дури и кога тоа е договорено како маркетинг кампања. Од компанијата имаат склучено договор со CNN, за време на изборите кои што моментално се одржуваат во САД, спикерите да користат Surface Pro 3 таблети.
До некаде може да се каже дека тие тоа и го почитуваат, таблет компјутерите се поставени во преден план на масата пред спикерите, меѓутоа изгледа тие се поставени само како украс. На сликата погоре, како што можете да видите, тие зад таблет компјутерите од Microsoft користат iPad, кој што сигурно веќе долги години е нивниот главен уред на кој што се навикнати. Јас нема да навлезам во дебата кој таблет компјутер е подобар, но интересно е што сепак се работи за договорена маркетинг кампања која што не е како што треба изведена.
Ова не е ни првпат од компанијата да имаат проблем во обидите да ги промовираат нивните Surface компјутери во ситуации како тие се користат во нормалните активности. Коментаторите на NFL лигата кои што ги користат овие таблет компјутери ги имаат наречено Алатки слични на iPad (iPad like tools).
Можеби од Microsoft ќе можат да престанат да се обидуваат преку вакви кампањи да ја подигнат свеста кај луѓето за нивниот бренд од идната година кога се очекува претставувањето на новиот Windows 10. Сепак нема подобра реклама од таа кога повеќето луѓе околу вас ги гледате како доброволно користат некој производ.
Извор: Windows Central, The Verge