Tensor G чиповите од Google досега не се покажаа баш најдобро во споредба со конкуренцијата, иако корисниците на телефоните од Google не пријавуваат некои посериозни недостатоци во корисничкото искуство. 

Годинешната нова Pixel 9 серија доаѓа со новиот Tensor G4 чип, но првите тестирањата покажуваат дека чипот продолжува да заостанува доста зад конкуренцијата. 

Дека вакво нешто ќе биде случајот можевме да претпоставиме со оглед на информациите дека Google дури за идната година ќе направи одредени промени кои би требало да го подобрат нивниот Tensor G5, најверојатно. 

Поради оваа информација беше јасно дека и оваа година Tensor G чипот ќе остане сличен до претходните, а тоа се гледа и од малата разлика на G4-ката во споредба со ланскиот Tensor G3. 

Од Android Authority направија анкета на нивните читатели во која учествувале 1400 од нив. Резултатите покажуваат дека за 33,4% од корисниците новиот чип ја прави главната разлика и тие не би ги купиле новите Pixel 9 уреди. 

Дека чипот е во ред одговориле 22,5%, додека 41% од корисниците одговориле дека се разочарани од чипот, но сметаат дека софтверот е поважен. 

Pixel 9 серијата досега се покажува како одлична надградба на ланските модели, па Google останува уште да ги подобри перформансите на нивните уреди за да може да се каже дека навистина се силна конкуренција на другите, а посебно кога ќе се земе во предвид високата цена. 

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаОткриени инвеститорите сопственици на X заедно со Елон Маск
Следна статијаПобрзајте да се пријавите на 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.