Скопје, 2 април 2026 година – Самсунг („Samsung“) ја зацврсти својата позиција како лидер во сегментот на премиум паметни телефони, со неодамнешното глобално лансирање на Galaxy S26 Ultra. Уредот Galaxy S26 Ultra ги возбуди потрошувачите ширум светот, сочинувајќи неверојатни 70% од нарачките за серијата Galaxy S26 ширум светот. Во Европа, водечкиот уред забележа зголемување од 10% во уделот на нарачки во споредба со 2025 година, со годишен пораст од 20%.
Новите иновации на Galaxy S26 Ultra, вклучувајќи го првиот вграден Privacy Display екран за мобилни телефони во светот, водечкиот Galaxy камера систем и интуитивните искуства со вештачката интелигенција, ја нагласуваат способноста на „Samsung“ да испорача врвна технологија која им се допаѓа на пребирливите потрошувачи.
Успехот на Galaxy S26 Ultra не е само доказ за неговите иновативни карактеристики, туку и за стратешката позиција на „Samsung“ на пазарот на паметни телефони.
Како што истакна Јан Стријак (Jan Stryjak), истакнат аналитичар од индустријата, во неодамнешна објава на LinkedIn, уникатниот модел на вертикална интеграција на „Samsung“ е клучен двигател на неговиот раст. „Способноста на Samsung да го контролира секој аспект од својот синџир на снабдување, од производство на меморија до склопување на паметни телефони, му дава конкурентска предност во премиум сегментот,” забележа Стријак. Оваа вертикална интеграција овозможува „Samsung“ да се справи со пазарните флуктуации, како што се растечките трошоци за меморија, со поголема агилност и ефикасност.
Влијанието на растечките трошоци за меморија врз премиум паметните телефони
Пазарот на паметни телефони моментално се соочува со значителен притисок поради растечките трошоци за меморија.
„Counterpoint Research“ проценува дека просечните продажни цени на паметни телефони се зголемиле за 6,9% на годишно ниво. Galaxy S26 Ultra, со својата напредна мемориска технологија и оптимизиран производствен процес, е привлечен избор за купувачи кои имаат технолошки познавања и сакаат да купат уред пред можните идни зголемувања на цените..

Вертикалната интеграција на Samsung: Конкурентска предност
Успехот на „Samsung“ во сегментот на премиум смартфони може да се припише на неговата уникатна позиција како вертикално интегриран производител. За разлика од конкурентите кои се потпираат на надворешни добавувачи за критични компоненти, „Samsung“ управува со своја полуспроводничка дивизија (Samsung Electronics Device Solutions Division), која произведува мемориски чипови (RAM и меморија за складирање). Оваа внатрешна производствена способност му овозможува на „Samsung“ да ја намали зависноста од надворешни добавувачи, да одржува подобра контрола на трошоците и да обезбеди стабилно снабдување со висококвалитетни компоненти.
Вертикалната интеграција исто така му овозможува на „Samsung“ да ја оптимизира ефикасноста на производството преку контрола на секоја фаза од синџирот на снабдување, од производство на меморија и дисплеи, до склопување на паметни телефони..
Економија на обем и лидерство во напредна технологија
Како еден од најголемите светски производители на мемориски чипови, „Samsung“ има корист од економии на обем.
Значајната инвестиција на „Samsung“ во истражување и развој дополнително ја зајакнува неговата позиција во премиум сегментот. Со континуирани иновации и подобрување на дизајните на компонентите, „Samsung“ ги намалува трошоците и ја зголемува ефикасноста, осигурувајќи дека неговите уреди остануваат чекор пред конкуренцијата. Оваа посветеност на иновации е очигледна кај Galaxy S26 Ultra.
Светла иднина за премиум смартфоните на „Samsung“
Огромниот одзив на Galaxy S26 Ultra ја нагласува силата на „Samsung“ во сегментот на премиум смартфони. Со својот уникатен модел на вертикална интеграција, напредно технолошко лидерство и посветеност на иновации, Samsung е добро позициониран да продолжи да води на пазарот. Како што расте побарувачката за премиум уреди со вештачка интелигенција, способноста на „Samsung“ да се справува со предизвиците на пазарот и да произведува висококвалитетни, премиум уреди ќе го обезбеди неговиот континуиран успех во премиум сегментот.











































