surface-pro-4-with-surface-pen

Microsoft Surface Pro 4 има процесори од Core серијата на Intel, истите оние кои најверојатно се наоѓаат во вашиот лаптоп и кои бараат прилично добро ладење за да не прегреат. Ваков чип, вграден во куќиште со дебелина од 8,4 mm секако дека може да биде проблем, но Microsoft имаат иновативно хибридно решение на ладење со кулер и течност.

Имено, течноста која кружи низ системот прво испарува кај процесорот, што е процес на ладење, кој ја одзема топлината од процесорот. Потоа, 60% пареата се движи кон голем бакарен резервоар каде кондензира и се пасивно се лади, за потоа да се врати кон испарувачот, додека 40% од пареата оди кон активниот ладилник, односно кулерот и потоа оладена се враќа кон процесорот (одлично објаснето на фотографијата подолу).

surface-pro-4-cooling

На овој начин, течноста се лади многу побрзо отколку само со кулер, како што е решението кај сите лаптопи. Слично на овој начин е решено и ладењето во новите Lumia телефони, но без кулерот, односно течноста се лади само во резервоарот за кондензација. Со ваквиот тип на ладење, Microsoft има постигнато повисоки перформанси на чиповите, бидејќи остануваат подолго време во оптималната температура, но и температурата се распределува низ целиот уред, што ги прави попријатни за држење во рака.

Овој начин на ладење сепак не е воопшто нов – вака работат сите фрижидери и клима уреди што ги имате по дома, со испарувач и кондензатор, но со помош на дополнителен компресор, за правење уште поголема температурна разлика. Што не значи дека ладењето во новите уреди на Microsoft не е големо постигнување – сепак се работи за ултра тенок хардвер.

Извор: Windows Central

Претходна статијаThermalTake Core P5 – совршена синергија на уметност и перформанси
Следна статијаSwiftKey воведува неврална технологија за подобро предвидување на зборовите