Windows-10-Phone-Outside-Tiles

Веќе најавивме дека Windows 10 за телефоните ќе има опција за користење на поголем дисплеј, со целосно десктоп опкружување, исто како кај компјутерите што го користиме дома. На новото видео од емулатор за Windows 10 за паметените телефони, можеме да видиме како и самиот телефон може да се управува со маус и тастатура, што би било особено корисно при користењето на Office апликациите, како Word и Excel.

Актуелната верзија на Windows Phone, 8.1, веќе има можност за користење на надворешна, Bluetooth тастатура, која помага при пишувањето на подолги документи, но не и маус. Windows 10 ќе може да се поврзе и со овој уред, нормално преку Bluetooth конекција, а како што можеме да видиме на видеото, при поврзувањето, веднаш ќе се појави стрелка, исто како во Windows за компјутерите. Ова би требало да овозможи многу полесно селектирање на текст, но и воопшто, снаоѓање во поголемите документи.

Покрај тоа што ќе може да се поврзат, маусот и тастатурата ќе ги вклучуваат сите познати команди од Windows, па така, десниот клик на маусот ќе отвора повеќе опции, додека на тастатурата ќе може да се користат кратенките за copy/paste, како и ESC командата за враќање една страна назад. Стрелките на тастатурата, како и во Windows Phone 8.1, ќе можат да се користат за полесно насочување на поинтерот во текстот.

Засега, овие можности ги има само во варијанта која ја гледаме само на емулатор, што значи дека може и воопшто да не ја видиме како финален продукт. Сепак, Continuum опцијата кај Windows 10 за телефоните, скоро со сигурност ќе мора да дојде и со опција за работење со маус и тастатура, што значи дека ваквите можности сепак би можеле да ги видиме кај Windows 10 телефоните.

Извор: Windows Central

Претходна статијаИскуството на Google со нивните само управувачки автомобили после скоро 3 милиони километри
Следна статијаMIT создаде алгоритам кој ја вади вашата рефлексија од стаклата во фотографиите