vivo-x6 (3)

Што ќе се случи доколку го извадите “Home” копчето на iPhone и читачот за отпечатоци на прсти го ставите во задниот дел? Vivo X6! И X6 Plus секако, бидејќи и кај S моделите на Apple има Plus модел.

Дизајнот однадвор неодоливо потсетува на новите iPhone 6S и 6S Plus, со скоро подеднаков заден дел. И двата модели имаат дебелина од само 6,6 милиметри, која треба да придонесе за луксузен изглед, заедно со целосната алуминиумска изработка во задниот дел и од страните. Од Vivo велат дека сечењето на алуминиумот се врши со ласер, лепењето со нано лепак, а завршната обработка се врши рачно.

vivo-x6 (1)

И повторно, знам дека сум досаден, но исто како кај новите iPhone-и, разликата кај двата модели е главно во големината на дисплеите – 5,2 инчен Super Amoled Full HD кај Х6 и 5,7 инчен Super Amoled Full HD кај Х6 Plus. Малку поголеми од смартфоните на Apple, но поентата е таа.

Спецификациите не се најмоќни на пазарот, но се прилично близу. Процесорот е MediaTek MT6752, кој има осум Cortex-A53 јадра кои работат на 1,7 Ghz. Овие јадра треба да понудат солидни перформанси, но се далеку од Cortex-A57 јадрата, кои се користат во најмоќните чипови, а графиката е Mali T760. Од друга страна и двата телефони имаат 4  GB рам, што значи дека веројатно никогаш нема да има потреба да гасите апликации.

vivo-x6 (2)

Покрај разликата во големината на екраните, поголемиот модел ќе има 64 GB простор за складирање податоци, наспроти 32 GB за помалиот модел. X6 Plus ќе има и поголема батерија – 3000 наспроти 2400 mAh. И двата модели имаат задна камера со 13 мегапиксели и предна со 8, но само поголемиот модел има специјален Hi-Fi аудио засилувач од Yamaha, кој треба да придонесе за многу помоќен звук кога ќе слушате преку слушалки. И двата модели ќе доаѓаат со вграден Android Lollipop 5.1 со Funtouch скин над него, а ќе имаат и Dual SIM можност.

Цените на Vivo X6 и X6 Plus не се ниски како што би очекувале од еден кинески смартфон – помалиот модел чини 385, додека поголемиот 475 евра. Да, поповолно е од многу смартфони на етаблираните конкуренти од високата класа, но има премногу компромиси во спецификациите, иако телефоните навистина изгледаат iPhone-овски луксузно.

Извор:  Android Authority, GSMArena

Претходна статијаДемонстрирано „гасење“ на лоши гени преку нивно уредување
Следна статијаGoogle патентира систем за автономни возила кој ќе ги предупредува пешаците