dropbox-logo

Покрај се поголемата конкуренција од страна на Google и Microsoft, но и други компании, Dropbox останува еден од најпопуларните cloud сервиси за складирање на податоци. Тоа покрај другото е постигнато со редовно одржување на сервисот, односно воведување на нови функции, како и достапност на повеќето популарни платформи.

Од денеска за корисниците е достапна нова верзија од десктоп апликацијата на Dropbox, која што овозможува синхронизирање на податоците локално. Верзијата ја доведува апликацијата до бројката 3, а истата ги вклучува следните новини:

  • Освежување и мала промена на корисничкиот интерфејс на Windows и Linux
  • File Indetifiers – функција која што овозможува следење на промените на името и локацијата на фајловите како дел од системот за прикажување на постарите верзии од фајловите
  • Поддршка за подолги paths на Windows
  • Нов интерфејс за првично сетирање на апликацијата на Linux
  • Нови екрани за стартување на апликацијата (splash screen)
  • Нови икони за Finder на OS X
  • Нова икона за tray во Windows
  • Поддршка за новите светли и темни теми во OS X Yosemite

Како и обично, покрај промените, апликацијата вклучува и подобрувања на перформансите и исправка на грешки и багови.

Новата верзија од Dropbox за десктоп можете да ја симнете преку официјалната страна, односно преку следниот линк.

Извор: Dropbox