photopshop-express-f

Adobe Photoshop Express доколку не сте запознаени е апликација наменета за работа со слики на вашиот мобилен телефон, која што овозможува одредени основни филтри и функции. Иако го носи името Photoshop, не треба да биде споредувана со главната и позната апликација за десктоп компјутерите. Се разбира дека повеќе и не би ви било потребно на вашиот мобилен телефон, па така оваа апликација е една од најпознатите во својата категорија.

Достапна веќе одамна за корисниците на Android и iOS, како и веќе една година за Windows 8, од вчера и корисниците на Windows Phone 8 може да се пофалат со оваа апликација. Постојат голем број на други апликации за промена на сликите на сите платформи кои за голем број од корисниците се можеби и подобри од оваа, но сепак апликација која што го носи името на Adobe сигурно заслужува внимание.

adobe-photoshop-express-wp

Апликацијата ги вклучува функциите кои што се достапни во нејзините верзии на другите платформи, од кои што повеќето се бесплатни, а достапни се и неколку додатни кои што може да се користат со нивно посебно купување преку апликацијата. Adobe Photoshop Express за Windows Phone 8 ги вклучува следните функции:

  • Основни: сечење (crop), исправување, ротирање, превртување, како и отстранување на red eye од сликите
  • Автоматско – поправање: Автоматско прилагодување со притискање на едно копче на осветленоста, изложеноста и сенките на сликата
  • Боја: Лизгачки контроли со кои што можете да ја прилагодувате излеженоста, контрастот, чистината, живоста и повеќе
  • Филтри „Looks“: Достапни се повеќе од 20 филтри (како во Instagram), како и дополнителни 20 кои што може да се докупат по цена од 2,99 долари
  • Можност за докупување на Noise reduction пакет по цена од 4,99 долари
  • Споделување на сликите на социјалните мрежи, како и преку SMS

Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

ape-wp-qr