Скопје, 12 јануари 2026 година – Без разлика дали брзате низ стазите на омилениот симулатор за возење, го истражувате отворениот свет на игрите со играње улоги (role-playing), или пак сте во трката за најдобар резултат на ранг-листата во игра со пукање во прво лице, функцијата „Game Launcher“ ви помага да останете фокусирани. Ги прави известувањата беззвучни, ги оптимизира перформансите и нуди вградени алатки за снимање, креирање “screenshots“ и управува со потрошувачката на батеријата. На ова додадете ги моќните чипсети на Galaxy и напредните системи за ладење со комори за пареа и во раце имате моќен компјутер за игри кој го собира во вашиот џеб. Играјте подолго, поглатко и попаметно, каде и да сте. Вашиот Galaxy е подготвен за вашата следна битка со „шефот“.
Кога е време за промена на темпото, Samsung DeX му овозможува на вашиот Galaxy S25 да се поврзе со монитор и да стане работна станица за десктоп за само неколку секунди. Bluetooth тастатура и глушец, мултитаскинг и омилените канцелариски апликации на цел екран? Секако.
Совршена комбинација: Серијата Galaxy S25 обединува моќ и ефикасно ладење за играње игри на повисоко ниво, мултитаскинг и врвни перформанси – вашата џебна конзола и центар за продуктивност во еден елегантен уред.

Сѐ уште немате Samsung Galaxy уред или пак поседувате постар модел? Samsung ве повикува да ја преземете апликацијата „Try Galaxy“ и да ги испробате најновите функции на Galaxy уредите директно од екранот на вашиот телефон.
Вашиот Galaxy уред не е само паметен телефон. Тој е вашето креативно студио, личен асистент и дигитален трезор, сè во едно. Во овој серијал од шест дела, петтата статија ги открива карактеристиките што тивко го прават секојдневниот живот попаметен, поедноставен и позабавен. Од целосна персонализација и автоматизација, до алатки за фотографирање и приватност на професионално ниво, секој Galaxy уред е создаден да ги надмине очекувањата. А со до шест години ажурирања на оперативниот систем за серијата „Galaxy A“ и до седум години за сериите „Galaxy S“ и „Z“, вашиот Galaxy продолжува да се развива долго откако прв пат ќе го вклучите.











































