Фото: Shutterstock.com

Разгледувајќи го кодот на Google Play Services, поточно APK датотеката, Android Authority откриваат нова функција на која работат од Google. Се работи за функцијата која веќе одреден период им е достапна на корисниците на Apple под името „Hide My Email“. 

Во случајот на Google, функцијата треба да го има името „Shielded Email“, а истата им овозможува на корисниците да генерираат имејл адреса по случаен избор и да ја искористат наместо нивната кога се регистрираат на одреден сервис. 

Ова е одличен начин за заштита од спам пораките кои често се резултат од регистрирањето на сервиси, а исто така и добар начин да се зголеми приватноста на интернет, како и безбедноста. Главната имејл порака не се користи на повеќе сервиси, а истата е заштитена и во случаеви на пробивање на сервисите. 

Пораките кои се испраќаат на избраната адреса се препраќаат на главната адреса од корисникот, а тој во било кое време може да го исклучи добивањето на пораки за таа адреса. 

Фото: Android Authority

Од тоа што го имаат откриено од Android Authority, Shielded Email треба да биде дел од Gboard тастатурата од Google, а се очекува да може да се користи и на дополнителни начини. 

Со оглед на тоа што оваа новина се’ уште не е вклучена, не е познато кога истото го планираат од компанијата. Сепак, со оглед на напредокот во развојот на истата, личи дека може да ја очекуваме за оваа година.