Фото: Microsoft

Microsoft веќе подолг период работи на мал редизајн на Старт менито во Windows 11, кое веќе донесе доста голема промена во споредба со претходните верзии до Windows 10. 

Главната новина кај редизајнот во главно е кај прикажувањето на сите апликации, кои веќе не се на посебна страна, тука на главната страна од менито. Корисниците можат да изберат и нов начин на групирање на овие апликации, па да се прикажуваат автоматски во папки според видот на апликацијата. 

Од компанијата сепак, стандардно за изминатите години, оваа новина ја пуштаат постепено, па доста мал број на корисници го имаат добиено новото Старт мени. 

Во изјава за Windows Latest, од компанијата потврдуваат дека овој период го пуштаат новото Старт мени кај повеќе корисници, па со најновата јануарска надградба, нова група на корисници можат да очекуваат да го видат ова ново мени. 

Новата „тура“ на пуштање на новото мени е започната од минатата недела, па доколку ги имате инсталирано сите достапни надградби, а сепак не го гледате, тоа значи дека ќе помине уште некој месец додека дојдете на ред. 

Microsoft мора повторно да ги критикувам и за оваа работа, односно вакви мали, а корисни новини се пуштаат за сите корисници во доста долг период, додека од компанијата продолжуваат со активно додавање на функции со вештачка интелигенција, нешто за кое корисниците покажаа дека не се баш задоволни.