Microsoft најави дека во најновите верзиите од Windows 11 во Windows Insiders програмата, Notepad добива две нови функции, а со тоа слободно може да се каже дека апликацијата се повеќе се оддалечува од својата основна намена.
Notepad, кој веќе има и вештачка интелигенција, сега добива можност за работа со табели. Ова само по себе секако не е проблем, но сигурен сум дека нема корисник кој кога му требаат табели, ќе ја отвори оваа апликација.
Со ова сепак се демотивираат корисниците кои ја користат апликацијата за едноставна работа, да продолжат да го прават тоа и понатаму.
Табелите ќе може да се додадат преку ново копче за таа намена, како и преку поддршката за „markdown“ текст, исто така дел од Notepad.
Дополнително, од компанијата најавија дека ја подобруваат интеграцијата на вештачката интелигенција, па можноста за пишување, повторно пишување и сумирање ќе функционира побрзо и нема да мора да се чека целиот одговор, односно текстот ќе биде „стримуван“ постепено.












































