Според информации кои ги објавија од Windows Latest, Microsoft подготвува уште еден нова додаток за нивната досега едноставна Notepad апликација.
Notepad наскоро ќе добие поддршка за додавање на слики, па со тоа може да се каже дека и официјално веќе не е старата и едноставна апликација која имаше своја намена за голем број на корисници.
Оваа новина ќе биде дел од најавената поддршка за „markdown“ во Notepad, која додава повеќе можности за уредување на текстот, а која моментално е дел од Windows Insider верзиите од Windows 11.
Добрата работа од сите овие додатоци е што повеќето од нив, вклучувајќи ја и новата поддршка за слики, можат да бидат исклучени преку Settings, па за корисниците кои сакаат Notepad да остане едноставна апликација, тоа е можно да се направи.
Според изворите на Windows Latest, додавањето на поддршка за слики не влијае на перформансите на Notepad, односно работата на оваа едноставна апликација не станува побавна и потешка.
Сите овие додатоци кај Notepad доаѓаат по откажувањето и тргањето на WordPad апликацијата, која беше доста поедноставна верзија од Word, а изгледа Microsoft не сака да ги развива и оваа и Notepad апликацијата.










































