По пуштањето на бета верзијата минатата година достапна само во САД и Јужна Кореја, Samsung сега официјално го пушти нивниот интернет прелистувач на Windows. Корисниците кои на своите Samsung телефони го користат Samsun Browser, сега истото ќе можат да го прават и на нивниот десктоп Windows компјутер. 

Официјалната верзија, за разлика од бета верзија, е со сите очекувани функции, па корисниците сега покрај тоа што ќе можат да ги синхронизираат нивните омилени страни, тие сега ќе можат едноставно да продолжат со страната која ја читаат на било кој уред. 

Синхронизацијата е достапна и за Samsung Pass, што значи корисниците ќе можат да ги користат сите нивни лозинки и други вакви информации. 

Samsung Browser доаѓа со функции со вештачка интелигенција, секако, а Samsung тоа го прави во соработка со Perplexity. Корисниците добиваат „агентски ВИ функции“, односно Samsung Browser ќе може да ги „разбере“ страните кои се отворени, да изврши одредени активности во име на корисникот, да сумира страни и видеа, како и да „сурфа“ на повеќе отворени страни во исто време. 

Функциите со ВИ сепак не се достапни во сите земји од почетокот, па како и со бета верзијата, овие функции за почеток им се достапни на корисниците во САД и Јужна Кореја. 

Повеќе за Samsung Browser, како и линк за негово симнување, можете да најдете тука