Скопје, 30 март 2026 година – Самсунг („Samsung”) објави дека нивното безбедносно решение, Samsung Knox, се стекна со сертификатот „Common Criteria“ (CC) за монитори, проширувајќи ја верификуваната безбедност што ја одржува на паметните телевизори една деценија.
„CC“ сертификацијата е глобален стандард што се користи за проценка на безбедносниот интегритет на производи кои бараат заштита на податоците, обезбедувајќи меѓународен рамковен систем кој ги консолидира различните критериуми за проценка од различни земји и го олеснува меѓусебното признавање. Од 2015 година, „Samsung” постојано добива „CC“ сертификација за своите нови производи за да ја потврди сигурноста на својата безбедносна технологија. Со ова најново достигнување, компанијата стана првиот производител што доби „CC“ сертификат и за монитори и за паметни телевизори.
„Поврзаните дисплеи станаа централни за начинот на кој работиме и живееме, правејќи ја верификуваната безбедност неопходна.” – рече Тајонг Сон (Taeyong Son), Извршен Потпретседател за бизнисот за Визуелни дисплеи (Visual Display – VD) во „Samsung”. „Со Samsung Knox, сега сертифициран и на паметни телевизори и на монитори, ја обезбедуваме таа заштита конзистентно низ нашите производи.”.
Samsung Knox ги штити корисниците од сајбер закани како хакирање, особено во области кои бараат силна безбедност како AI контрола на домот, AI препознавање на глас и трансакции со кредитни картички.
„CC“ сертификацијата нагласува три клучни безбедносни карактеристики на Samsung Knox:
- Мониторинг на интегритетот на системот (System Integrity Monitor – SIM): Обезбедува мониторинг во реално време на јадрото за да се обезбеди интегритет на системот.
- Безбедност на веб прелистувачот (Web Browser Security – WBS): Блокира фишинг веб-страници за да ги заштити корисниците додека пребаруваат на интернет.
- Спречување на неовластено извршување (Unauthorized Execution Prevention – UEP): Валидира дигитални потписи за да спречи неовластени акции.
Samsung Knox исто така обезбедува силна безбедносна средина со својата повеќеслојна архитектура, која вклучува TrustZone, хардверски независен безбедносен слој; Knox Vault, посебен слој за чувствителни податоци; како и Knox Matrix, слој за управување со безбедност за поврзани уреди.











































