Фото: Samsung

Скопје, 12 јануари 2026 година – Како што се затвора вратата на серијата „Stranger Things”, „Самсунг Електроникс“(“Samsung Electronics“) и „Нетфликс“ (“Netflix“) им даваат можност на фановите да ја одбележат последната сезона на култната серија која речиси една деценија ја обликуваше поп-културата. Започнувајќи од 12 јануари, корисниците на „Samsung Galaxy“ во повеќе од 186 држави може да ги преземат ексклузивните „Stranger Things” тема и позадини (wallpapers) преку Galaxy Store – достапни без дополнителни трошоци во ограничен временски период за оние кои ќе ја преземат или отворат апликацијата Netflix.

Култни слики од културен феномен

Од премиерата во 2016, „Stranger Things” е еден од насловите кои го дефинираа подемот на Netflix како водечка светска услуга за забава. Серијата стана глобален мега-хит, поттикнувајќи гледаност и разговори низ различни региони и генерации. По објавувањето на 5. сезона, дел 1, на 27 ноември 2025 година, серијата се рангираше на прво место во 91 земја и во првите пет дена забележа 59,6 милиони прегледи, што го претставува најсилниот почетен перформанс за серија на англиски јазик на Netflix досега. Исто така, стана првата серија во историјата на Netflix што ги пласираше сите пет сезони во листата на светски Топ 10 серии истовремено, држејќи го тој рекорд пет недели по ред. Сите епизоди од последната сезона сега се емитуваат глобално, исклучиво на Netflix. 

Ексклузивната содржина на Samsung, инспирирана од петтата сезона, се надоврзува на тој моментум. Колекцијата е достапна од 12 јануари до 22 февруари и опфаќа специјална тема и пет позадини со ликови и сцени од серијата, вклучувајќи ги Хокинс и „Превртено“ (“Upside Down”). Визуелните елементи кои ја рефлектираат уникатната атмосфера од серијата, им овозможуваат на обожавателите да внесат елементи од серијата во нивниот секојдневен живот.

Долгогодишно партнерство кое го одбележува одличното раскажување приказни 

Samsung и Netflix имаат долгогодишно партнерство, во чии рамки овозможуваат привлечна, висококвалитетна содржина инспирирана од некои од најомилените серии во светот. Најновата соработка следи по нивното неодамнешно партнерство за понуда на специјални теми за светскиот филмски хит „KPop Demon Hunters“, додека компаниите претходно соработуваа за да го одбележат лансирањето на четвртата сезона од серијата „Stranger Things“.