Фото: Spotly

Скопје, 31.03.2026 — Дигиталната платформа Spotly започнува со воведување систем за резервации и управување со посетеност, создаден за ресторани, барови, клубови и организатори на настани, со цел да го поедностави планирањето на излегувањата за гостите и да им помогне на угостителските објекти поефикасно да го организираат својот простор и гостински тек.

Во средина каде резервациите пристигнуваат преку телефон, пораки и социјални мрежи, често се појавуваат недоразбирања, пропуштени барања и непредвидлив тек на гости. Spotly нуди сигурен дигитален пристап што ја централизира комуникацијата и ја прави организацијата попрецизна и предвидлива.

Платформата им овозможува на гостите брзо да резервираат термин и, каде што е овозможено, да изберат конкретна маса според сопствените преференции. Внатрешен простор или тераса, поблиску до музика или во помирен дел, со јасна потврда во реално време.

Ова ниво на транспарентност и избор носи ново ниво на сигурност во планирањето на излегувањето, бидејќи гостите однапред знаат каде ќе седат и дека нивната резервација е обезбедена.

„Нашата цел е да внесеме јасност и сигурност во искуството на излегување, и за гостите и за угостителските објекти,“ вели Јован Фичорски, ко-основач на Spotly. „Кога резервацијата е сигурна, целото искуство започнува подобро.“

Spotly е развиен врз основа на реалните потреби на индустријата и современите навики на гостите, кои сè повеќе очекуваат брзо, едноставно и сигурно планирање.

Платформата им овозможува на угостителските објекти целосна контрола врз достапноста и распоредот, а една од клучните функционалности е можноста за deposit потврда на резервацијата, со што резервацијата се валидира веднаш и значително се намалува бројот на гости кои не се појавуваат.

„Со јасен увид во резервациите и со депозит потврда, објектите добиваат попредвидлив тек на гости и подобро искористување на капацитетот во најважните часови,“ истакнува Лука Наумовски, ко-основач на Spotly.

Платформата обезбедува управување со резервации во реално време, визуелен распоред на маси и едноставно корисничко искуство, со што се намалува можноста за грешки и недоразбирања.

„Технологијата е дизајнирана да биде стабилна, интуитивна и практична за секојдневна употреба. Управувањето со масите, статусите и резервациите се одвива во реално време, што овозможува сигурност и контрола,“ истакнува Кристијан Манојлоски, ко-основач.

Со воведувањето на прецизни дигитални резервации, избор на конкретна маса и депозит потврда, Spotly придонесува кон поорганизирано и современо угостителско искуство, усогласено со очекувањата на денешните гости и оперативните потреби на објектите.

Платформата е веќе достапна за корисниците, додека угостителските објекти и организаторите можат да се приклучат преку структуриран процес на вклучување и поддршка, што овозможува лесна адаптација и непречено користење.

Подобрување на искуството за сите

Spotly придонесува за:

• избор на конкретна маса според преференции
• сигурни и потврдени резервации
• намалување на no-show гости преку депозит потврда
• подобра организација на капацитетите и посетеноста
• попредвидлив тек на гости
• подобрено искуство при излегување

Платформата е дизајнирана да одговори на реалните услови и навики во Македонија, притоа воведувајќи практики кои се веќе стандард во современите угостителски пазари.

За Spotly

Spotly е дигитална платформа за резервации и управување со посетеност која им овозможува на гостите сигурно да резервираат место, а на угостителските објекти и организаторите поефикасно да управуваат со својот простор, резервации и настани. Платформата е развиена со фокус на едноставност, сигурност и подобрување на целокупното искуство при излегување.

Дознајте повеќе на: www.myspotly.com