Најновата вест која што ни доаѓа од светот на големите технолошки компании, е купувањето на Mobileye од страна на Intel за цели 15,3 милијарди долари. Доколку не сте запознаени со Mobileye, тоа е водечката компанија кога станува збор за инвациите во светот на автономните автомобили. Mobileye е компанија од Израел која произведува камери и чипови за автомобили, најчесто за автонoмни возила.

Mobileye до овој момент има постигнато огромен успех, но има потенцијал за уште поголем напредок во иднина. Токму затоа договорот со Intel ќе им овозможи уште поголема покриеност на светско ниво, и можност за глобализација на нивните производи и технологии коишто ги нудат на пазарот. Моментално соработуваат со 27 производители на автомобили, што секако е респектабилна бројка. Официјално соработка помеѓу Intel и Mobileye постои уште од минатата година. Од Intel велат дека договорот целосно ќе биде завршен после девет месеци. Mobileye за прв пат се појави на пазарот во 2014 година.

Автономните возила стануваат се позастапени во идните планови на автомобилските компании. Од Intel веруваат дека сега е вистинскиот момент да се вложи во оваа технолошка гранка. После купувањето на Mobileye, наредниот чекор ќе биде отворање на посебна дивизија за безпилотни автомобили со седиште во Израел. Еден од основачите на Mobileye, професор Amnon Shashua, ќе биде назначен за лидер на оваа нова дивизија на Intel.

Извор: TechCrunch, Wired

Претходна статија“Eye” е футрола за iPhone 7 со вграден Android телефон
Следна статијаПротече и корисничкиот интерфејс на Galaxy S8 – ќе биде супер минималистички