Фото: Shutterstock.com

Кина излезе на пазарот со уште една алтернатива од светски познати производи, во овој случај со алтернатива на HDMI и DisplayPort стандардите и каблите. Очекувано, карактеристиките кои се истакнуваат се доста подобри од постојните алтернативи, па западот повторно добива сериозна конкуренција од Кина. 

Кинескиот стандард е наречен GPMI – General Purpose Media Interface, а е развиен од страна на The Shenzhen 8K UHD Video Cooperation Alliance. Оваа организација е составена од повеќе од 50 кинески компании. 

GPMI доаѓа со можност за брзина на пренос на податоци до 192Gbps, како и напојување до 480W. Овие карактеристики се постигнуваат со приклучокот кој е развиен од страна на организацијата и е наречена GPMI Type-B. 

GPMI доаѓа и со Type-C приклучок, но во овој случај карактеристиките се нешто послаби, односно брзината на пренос на податоци е до 96Gbps, а напојувањето до 240W. 

Без разлика, во двата случаеви GPMI е на ниво или ги надминува за доста конкурентите кои моментално се користат, како HDMI и DisplayPort, кои немаат поддршка за напојување, односно Thunderbolt кој е вистинската конкуренција. 

Доколку овој кабел почне да се користи масовно ќе придонесе кон поедноставно поврзување на уредите со компјутерите, односно тие ќе можат да користат еден кабел, наместо повеќе како сега. 

Се очекува да се подобрат работите и во гејминг индустријата, а поддршката за поголем пренос на податоци и напојување сигурно ќе им се погоди на доста гејмери. 

ИЗВОРTom's Hardware
ИЗВОР 2HKEPC
Претходна статија(Видео) Бил Гејтс, Стив Балмер и Сатја Надела разговараат со Microsoft Copilot 
Следна статијаReactOS е одлична алтернатива на Windows која повторно доби внимание по пуштањето на најновата верзија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.