Microsoft претстави концепт видео преку кое што ја прикажува својата замисла за блиската иднина. Се работи за развојот на технологијата, односно уредите кои што веќе ги користиме, во периодот во наредните 5 до 10 години.
Технологиите кои што се прикажани веќе се дел од нашите животи, меѓутоа истите се уште повеќе вклучени во нив, а исто така се доразвиени и унапредените. Така, може да се видат големи проѕирни екрани на допир, холограми, уреди наменети за носење, свитливи екрани, 3D принтери и многу повеќе.
Можеби оваа замисла на Microsoft нема да се оствари баш во ваква форма, меѓутоа доколку се земе во предвид сегашноста, дефинитивно може да се претпостави дека иднината ќе изгледа нешто слично на прикажаната.
Видеото е со времетраење од нешто повеќе од 6 минути и можете да го погледнете во продолжение.
Извор: Microsoft