telescopic-contact-lenses

Замислете ситуација на додворување во блиска иднина – влегувате во (редок останат) клуб и разгледувате наоколу. По кратко време здогледувате привлечна девојка, но не можете да ја видите во детали. Зарем е проблем? Намигнувате со десното око и леќите кои ги носите зумираат овозможувајќи да ја прегледате поубаво од далеку. Воедно и таа ве забележува како намигнувате, па се насмевнува и го врти погледот… добитна комбинација.

Ова може да биде реална ситуација за кратко време. Имено, швајцарската Федерална политехничка школа од Лозана разви леќи кои овозможуваат зумирање на погледот низ нив и тоа со помош на многу едноставна операција – намигнување. Ако намигнете со десно око се вклучува зумот, ако намигнете со лево се исклучува.

Леќите се дел од програмата на DARPA за напредок во ова поле и нормално се создадени првенствено за употреба во воени цели. Секако, мора да се спомене дека ќе можат да бидат употребени од и препишани на повеќето луѓе чии природни леќи се стекнуваат со распад во структурата по 50-тите години од животот, што предизвикува оштетување на видот. Тоа досега се решаваше со очила базирани на цилиндар, што е проблематично бидејќи треба да бидат наместени совршено за да се гледа како што треба низ нив.

Леќите се создадени од неколку слоја. Едниот е ситни алуминиумски огледала кои ја одбиваат светлината неколку пати внатре во леќата и со тоа ја шират, овозможувајќи го зголемувањето на сликата. Постојат и слоеви на поларизиран материјал кој се мести со намигнувањето да ја пропушта светлината на еден или друг начин.

telescopic-contact-lenses-3
Очилата кои се користат за да се промени модусот на работа

Менувањето меѓу модусите на работа се предизвикува преку следење на очите со помош на специјални очила кои потоа (веројатно) преку електромагнетно зрачење ја менуваат поларизацијата т.е. насоченоста на поларизираниот материјал. Во материјалот исто така постојат и специјализирани цевчиња кои овозможуваат пренос на кислород до окото. За крај, сите овие се сместени во биокомпатибилен материјал налик стандардните леќи за да не го иритираат окото.

Леќите засега се дебели само 1,55 милиметри и работат многу едноставно. Војниците на иднината ќе имаат значително подобар вид и само со оваа иновација која им овозможува да зумираат дури 2,8 пати од нормалната слика, налик орлите.

Исто така и старците на иднината ќе можат да гледаат далеку подобро. Секако и додворувачите на иднината ќе можат подобро да го прегледаат „пленот“ пред да „нападнат“.

Извор: TNW, Forbes

Претходна статијаНа Pickbox пристигнува серијата во продукција на Фифти Сент
Следна статијаИзвршниот директор на Oculus лично го испорача првиот Rift