Со оглед на тоа што Samsung е спонзор на најголемото шоу за кучиња, Crufts, оваа година решиле да направат куќа за кучиња што ќе биде опремена со највисоката технологија. Цената на ова парче технологија се скромни 30.000 долари, колку еден просечен стан во Македонија.
Составена од 3 различни места за престој, опремени со многу гаџети за рекреација на милениците, Samsung делува како натрапник покрај другите компании кои се занимаваат со храна за миленици или осигурување за истите.
Трите делови на куќарката се направени со намена. Првиот е опремен со електронски диспанзер за храна, наполнет со најдобрата храна достапна. Во вториот дел има лента за трчање прилагодена по големина за кучиња, секако, додека во третиот дел има базен за хидротерапија за олсеснување на болките после вежбање.
Кога ќе дојде ред за занимација, тука е таблетот Samsung Galaxy S кој ќе ги занимава милениците се’ додека не дојде ред за спиење.
Спиењето, од друга страна, а наменето за посебна просторија опремена со луксузен плишан кревет за максимална удобност на миленикот.
Ова е само еден дел од подвизите што ги прават големите компании со цел да се докажат пред другите. Имено Apple се обидува да направи автономно возило, кога веќе повеќе компании работат на тоа, вклучувајќи ги Google и Mercedes. Се’ уште не ни е јасно со кого Samsung се натпреварува со луксузната куќарка, но секако истата привлекува доволно внимание.
Извори: Geek, RocketNews