Живеењето и работењето на една вселенска станица често знае да биде проблематично чисто поради фактот што и покрај тоа што ја добивате најдобрата позиција за набљудување на ѕвездите и Земјата од било кој друг, и тоа знае да здосади после неколку месеци. А пак гледањето на истите луѓе по цел ден додека се обидувате да се пренесете од еден во друг дел од леталото при нулта гравитација исто така знае да биде досадно. Затоа астронаутите често си прават занимации кога имаат слободно време за да им помине побргу и поинтересно времето поминато во клаустрофобичните летала.
Па така тројца космонаути од Меѓународната вселенска станица, Стив Свонсон, Рајд Вајсмен и Александар Герст, одлучиле да „потонат“ GoPro камера во воден балон и да го снимат истото. Поради слободниот пат во кој Меѓународната вселенска станица е постојано поради својата орбита околу Земјата, гравитацијата веќе нема такво влијание како на површината туку на сцена настапува површинската тензија која течностите ги врзува и ги оформува во сферична форма. Истото се случува и со водениот балон кој ја покрива целата камера и се обидува да се врзе во форма на топка околу неа.
Космонаутите ја снимиле оваа интересна глетка и со 3Д камера, па можете да одберете која снимка сакате да ја гледате подолу (прва е од 2Д снимката)
Извор: IFScience