Податоците за продажбата на часовници за претходниот празничен период, вели дека Apple има остварено најдобри резултати. Тоа оди дотаму што испратените часовници од марката Apple ги надминуваат комплетниот број на продадени часовници од целокупното швајцарско производство.
На годишно ниво, сѐ уште им нема рамен на швајцарските производители на рачни часовници. Тие со децении наназад се симбол на оваа индустрија. Меѓутоа, трендовите велат дека Apple има сериозни шанси во иднина да го преземе приматот. Според информациите кои ги понуди Business Insider, во последниот квартал лани, продадени се дури 1,2 милиони Apple Watch уреди повеќе од целиот швајцарски извоз на часовници.

Традиционалните швајцарски занаетчии кои се симбол за часовници и понатаму држат континуитет во производството и продажбата. Нивните уреди се засноваат на механика, повеќе одошто на модерната технологија. Нема сомнеж дека нивните производи се и понатаму популарни и цената е сосема стабилна. Меѓутоа, технолошките компании се закануваат во блиска иднина да ја преземат дури и оваа индустриска гранка. Она што технологијата може да го понуди во уред кој сосема непречено можете да го носите на вашиот рачен зглоб, е далеку повеќе од аналогните стрелки на традиционалниот часовник.