Информација која оваа недела беше објавена од страна на Nikkei Asia најави можно одложување на претставувањето на првиот iPhone на преклоп. Причината за тоа се инженерски проблеми кои се имаат појавено при процесот на тестирање на уредот, па iPhone Fold можно е да го видиме дури идната година, наместо овој септември како што се очекува.
Кратко подоцна со објава излезе Марк Гурман, за кого може да се каже дека најретко греши со неофицијалните информации. Според Гурман, iPhone на преклоп може да се очекува во септември заедно со iPhone 18 Pro моделите.
Тој на крајот од објавата директно кажува дека информацијата од Nikkei не е точна.
Тоа што е можно, според Гурман, е ограничена количина посебно на почетокот, како и достапност веднаш по достапноста на iPhone 18 Pro, но во никој случај нема да дојде до одложување.
Првиот iPhone на преклоп треба да биде во стилот на „книга“, а очекувано Apple чекаше до оваа година поради можноста да се тргне или скоро целосно сокрие линијата на местото на превиткување на екранот.
Apple во нивниот познат стил, чекаат додека одредена технологија е доволно развиена, пред тие да претстават нешто на пазарот. Можевме да видиме од конкурентите какви беа нивните уреди на преклоп, а посебно во првите неколку верзии.
За оваа година се очекува дека Apple ќе го подели претставувањето на телефоните на тие од највисоката, односно „Pro“ класа и тие од нешто пониската. Тоа значи дека во септември не треба да се очекуваат основните iPhone 18-ки, кои изгледа ќе бидат претставени идната пролет.











































