Скопје, 13 февруари 2026 година – Модерните кујни се спој на елегантен дизајн и паметна технологија, апарати кои совршено се вклопуваат во просторот и природно се спојуваат со ентериерот. Но, вистинската паметна кујна е многу повеќе од само изглед. Рерните на „Самсунг“ („Samsung”) нудат флексибилни опции за готвење, енергетска ефикасност и интуитивни функции кои го прават секојдневното подготвување на оброци полесно и позабавно. Со вистинските совети, можете да го искористите нивниот полн потенцијал за подобри резултати и поодржлив дом.
#1 Прилагодете го готвењето според вашите потреби
Една од најголемите предности на модерната технологија е флексибилноста и разновидниот избор. Технологијата „Samsung Dual Cook Flex” ви овозможува да готвите според вашите потреби. Можете да ја користите целата рерна за едно јадење или да ја поделите на две зони (горна и долна) за да подготвувате две различни јадења истовремено, со посебна температура и програма. Најважно од сè е тоа што вкусовите и мирисите не се мешаат.
За уште подобри резултати, рерната исто така нуди опции како „Dual Cook Steam” за сочни оброци кои ја задржуваат својата влажност и „Air Fry” програма за полесен, крцкав вкус кој ви помага да готвите ефикасно, со помалку маснотии, додека оброците остануваат вкусни.

#2 Заштедете време и енергија
Покрај користењето на целосниот капацитет на рерната одеднаш или подготовка на два различни оброци истовремено, „Samsung” ги поместува границите овозможувајќи уште едно решение. Зошто да не ја користите само едната половина од рерната?
Оваа флексибилност е идеална доколку сакате да подготвите помали оброци во текот на работната недела, а немате време. Ова е вистинскиот момент да ја употребите само горната половина од рерната. Со користење само на горната зона, можете да го скратите времето на подготовка за 22% и да потрошите до 20% помалку енергија во споредба со загревање на целата рерна.
#3 Уживајте во подготовката
Технологијата носи флексибилност во целост. Благодарение на апликацијата „SmartThings”, можете да се поврзете и да имате целосна контрола над сите паметни уреди, вклучително и рерната. Ова ви дава можност да се опуштите во дневната соба и да уживате во омилената серија, истовремено имајќи целосна контрола над процесот на подготовка на оброкот. Можете да го следните напредокот на печењето, да проверите уште колку време преостанува, или пак, да управувате со поставките од далечина, без да сте во кујната или крај рерната.

#4 Паметните перформанси започнуваат со паметна инсталација
Исклучителните перформанси зависат од многу повеќе аспекти покрај технологијата, а тајниот зачин тука е добро осмислената инсталација.
За се да функционира беспрекорно и хармонично, препорачливо е да се остави малку простор помеѓу вградените апарати. Ова овозможува подобра циркулација на воздухот и придонесува за долгорочна издржливост, овозможувајќи сите карактеристики да имаат перформанси на највисоко ниво додека вашето искуство во кујната е беспрекорно и пријатно.
Дизајнирана за одржливо секојдневие
Модерните кујни се креирани да го поддржат начинот на кој живееме денес. Паметното готвење не започнува со рецептите, туку со изборот на рерна која прави повеќе, а троши помалку.










































