Скопје, 1 април 2025 г. – Samsung Electronics го најави глобалното лансирање на моќната безжична stick правосмукалка – Bespoke AI Jet Ultra, којa овој месец беше претставенa на настанот Welcome to Bespoke AI. Опременa со унапреден режим на чистење AI Cleaning Mode 2.0 и напреден HEPA систем за филтрација, оваа најнова иновација ја потврдува лидерската позиција на Samsung во областа на уредите за чистење на паметниот дом.
„Samsung го потврди следното ниво на иновации во сегментот на безжични stick правосмукалки со претставувањето на овој моќен модел“, изјави Џанг Сунг Мун (Jeong Seung Moon), извршен потпретседател и директор на тимот за истражување и развој на дигитални уреди во компанијата Samsung Electronics. „Ослонувајќи се на претходните достигнувања со Bespoke Jet AI, која беше првата безжична stick правосмукалка базирана на вештачка интелигенција со UL-сертификат, сигурни сме дека овој нов модел ќе донесе значајни промени на глобалниот пазар.“
Детално чистење со најмоќна сила на вшмукување во светот
Bespoke AI Jet Ultra се одликува со сила на вшмукување од дури 400 W, овозможувајќи отстранување дури и на најтврдокорната нечистотија. HexaJet моторот е клучната компонента што ја овозможува оваа импресивна сила. Неговата единствена хексагонална структура на статорот, во комбинација со потенок двофазен дифузер и турбина, го подобрува протокот на воздух и ја зголемува ефикасноста на моторот. Покрај тоа, моторот овозможува и до 100 минути работа со едно полнење на батеријата при користење на Min режимот, овозможувајќи им на корисниците да ја исчистат целата куќа без прекини.
Интелигентна поддршка при чистењето со AI Cleaning Mode 2.0
Bespoke AI Jet Ultra исто така го воведува унапредениот режим на работа AI Cleaning Mode 2.0. Со регистрирање на оптоварувањето на четката и притисокот на воздухот за вшмукување, овој режим може да разликува шест различни средини за чистење преку Samsung AI Optimum Tech процесорската единица и автоматски да ги прилагодува перформансите на чистење. Кога ја користи Active Dual четката, уредот може да препознае дали се работи за тепих со нормални или долги влакна. Првосмукалката, исто така, ги регистрира ќошињата благодарение на четката Slim LED Brush+. Со прилагодување на силата на вшмукување и брзината на четката според различните услови во просторот, правосмукалката поефикасно ја користи електричната енергија, што резултира со намалена потрошувачка на батеријата за 21% и зголемено маневрирање за 8%, а притоа ги задржува перформансите слични на Mid режимот на работа.
Напреден HEPA систем за филтрација
Како дополнување на ова моќно и интелигентно искуство, Samsung го унапреди системот за филтрација со цел честичките прашина да останат задржани при излезот на воздухот од правосмукалката. Bespoke AI Jet Ultra има повеќеслоен систем за филтрација кој ефикасно ги задржува фините честички. Кога воздухот влегува, внатрешните делови како што се циклонскиот и металниот мрежест филтер последователно ги задржуваат честичките прашина, што овозможува ефикасност на филтрацијата од 99,999 проценти.
Друга значајна предност е тоа што Samsung примени HEPA филтрација во својот повеќеслоен систем. Со оваа технологија, Bespoke AI Jet Ultra задржува честички прашина со големина од само 0,3 µm, со што значително се намалува количината на прашина што се враќа во воздухот.

Паметни решенија за полесен живот
Изберете паметно, купете уреди Bespoke AI во претпродажба и може да добиете Galaxy Tab S9 FE или Galaxy Tab A9+ како подарок.
Промоцијата важи од 31.3.2025 година до 7.4.2025 година.
Пристигнаа паметните решенија! Вие треба само да ги препознаете, изберете и да си го поедноставите секојдневието. Се разбира, сите што ќе го направат тоа во претпродажба ќе добијат вреден подарок.
Од 31 март до 7 април 2025 година, Samsung нуди ексклузивни подароци за купени избрани уреди. Не пропуштајте ја шансата да купите иновативни уреди од нашиот асортиман Bespoke AI и да го збогатите својот дом со неверојатни можности.
Ако го купите фрижидерот Bespoke AI Family Hub во претпродажба, добивате подарок Galaxy Tab S9 FE. Исто така, ако купите машина за перење WF90F или stick правосмукалка Jet, како подарок го добивате Galaxy Tab A9+.
За да го остварите правото на овие фантастични подароци, само регистрирајте го купеното најдоцна до 30 април 2025 година на страницата на Samsung.
Промоцијата важи кај продажните партнери на Samsung наведени во правилата на промоцијата, кои самостојно ја одредуваат малопродажната цена. Подетални информации за енергетската ефикасност, целосниот список со вклучени производи и условите за достава може да добиете на на страницата на Samsung.
Изберете паметни решенија за поедноставен живот со Samsung Bespoke AI.