Скопје, 15 јануари 2026 година – „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) најави ексклузивно глобално партнерство со водечкиот светски бренд за гитари, „Фендер“ („Fender“), за да го донесе првото телевизиско издание на апликацијата „Fender Play“ на Samsung телевизорите во 2026 година.
„Со видео лекции на Samsung телевизорите, учењето инструмент природно се вклопува во секојдневниот живот и им помага на оние кои имаат афинитети за свирење побрзо да ги постигнат своите цели“, изјави Хун Ли (Hun Lee), Извршен Потпретседател на Бизнисот за Визуелни Дисплеи (Visual Display – VD) во „Samsung Electronics“. „Со носењето на ’Fender Play’ на телевизорите за прв пат, Samsung го претвора најголемиот екран во домот во место за учење и свирење заедно.“.
Корисниците можат да изберат образовен пат за четири различни инструменти: електрична гитара, акустична гитара, бас или укулеле. Исто така, можат да пристапат и до курсеви по барање во согласност со нивото на развој на вештините, секој со широк спектар на „чекор-по-чекор“ лекции креирани околу познати песни. Преку режимот „Jam“, корисниците можат да изберат забавна позадина и да свират на селекција песни од различни жанрови, претворајќи го својот екран во сцена.
Samsung во живо претстави преглед на ова искуство на CES 2026, преку демо снимки на екранот кои го прикажаа импресивното искуство за учење. Како лидер на глобалниот ТВ пазар 20 години по ред, Samsung испорачува слика, звук и сигурност што ги одржуваат новите корисници ангажирани додека градат вештини.
„Возбудени сме што го носиме импресивното искуство за учење преку ’Fender Play’ апликацијата на корисниците на Samsung телевизори, помагајќи им на ентузијастите за гитара да ги подигнат своите вештини на следното ниво“, рече Клиф Ким (Cliff Kim), Потпретседател за Стратегија за раст, Дигитални производи во „Fender“ и Претседател на Фондацијата „Fender Play“. „Нашата мисија отсекогаш била да ги едуцираме и инспирираме изведувачите на музика ширум светот. Ова партнерство им дава можност на љубителите на музика да учат, вежбаат и свират со висококвалитетните, интерактивни лекции на ’Fender Play’ директно на нивниот Samsung телевизор.“
Апликацијата ќе биде официјално достапна за употреба во првата половина на 2026 година. За повеќе информации, посетете ја страницата www.samsung.com/mk/.










































