Фото: Samsung

Скопје, 1 април 2026 година – Навиките поврзани со оброците и готвењето се менуваат ширум светот. Забрзаното секојдневие носи нови ритуали: 18% од луѓето на глобално ниво јадат во дневната соба, 4% јадат во кревет, а 4% стоејќи во кујната. Сепак, готвењето и заедничките оброци и понатаму имаат важна улога. Многумина ги доживуваат како можност за разговор, поврзување и заедничко собирање. Луѓето најчесто јадат заедно со домашните, а дел од нив и понатаму ја преферираат кујнската маса како централно место за дружење, покажуваат податоците од глобално истражување.

Оваа разлика во навиките, додека некои делови од светот експериментираат со оброци на кауч или дури во кревет, го отвора прашањето како да се дизајнира кујна која е прилагодена на современиот начин на живот, но и понатаму овозможува пријатно собирање и едноставно готвење?

Топол минимализам и функционалност

Трендовите за уредување на кујни за 2026 година нагласуваат потопли материјали, природни текстури и складни бои. Дрво, камен и земјени нијанси доминираат, создавајќи простор кој не е само функционален, туку и пријатен за око, место каде што готвењето и дружењето не се одвиваат во „стерилна“ средина, туку во амбиент во кој сакате да се задржите.

Вградени уреди кои го следат ритамот на животот

Вградените уреди, како што се  микробрановата печка на „Samsung” со грил функцијааспираторот и машината за миење садови, овозможуваат организиран и складен простор. Иако секој уред има своја улога, некои сепак стануваат вистински херои на секојдневието. Микробрановата печка со грил функција брзо и едноставно подготвува сè, од крцкав зеленчук и пилешко, до рамномерно печени замрзнати јадења, токму онака како што сакате. Стаклената контролна плоча на допир овозможува интуитивно управување, а компактната вградена изведба го зачувува редот во просторот. Во исто време, аспираторот тивко ја отстранува пареата и мирисите, а машината за миење садови работи во позадина, речиси незабележливо, со што кујната секогаш останува подготвена за дружење, готвење и мали секојдневни магии.

Ова се причините зошто оваа микробранова печка е вистински „game-changer” во кујната:

Рамномерно готвење на секој залак

  • Системот за тројна дистрибуција (Triple Distribution System) ги распоредува микробрановите во три насоки.

Пример: Замрзнати рибни филети или зеленчук кои се крцкави однадвор, а сочни одвнатре, секој пат.

Крцкаво без дополнително масло

  • Grill Fry (Crusty Plate) функцијата дава златна, крцкава текстура без маснотии.

Пример: Парчиња пица од замрзнувач или пилешко подготвено за вечера кои стануваат вкусни без дополнителна маснотија.

Интуитивно управување со еден допир

  • Стаклената контролна плоча на допир го прави поставувањето на функциите едноставно и разбирливо.

Пример: Избор на јачина на печење за зеленчук или загревање супа, без дополнителни чекори.

Предлози кои штедат време

  • Функциите за брзо одмрзнување (Quick Defrost) и одмрзнување на леб (Bread Defrost) автоматски пресметуваат оптимално време и температура.

Пример: замрзнат леб или пецива се одмрзнуваат на идеален начин, подготвени за појадок за 3–5 минути.

Фото: Samsung

Кујна која го олеснува заедништвото

Со оглед на тоа дека на Балканот, сѐ уште повеќе се преферира трпезариската маса како место за собирање, просторот кој спојува топол, пријатен дизајн и паметно интегрирани уреди овозможува оброците да се подготвуваат и консумираат без стрес, во пријатна и функционална атмосфера. Секој уред во соодветната линија вградени уреди станува дел од ритамот на кујната. Не доминира со просторот, не го попречува текот на подготовката на храната, туку придонесува готвењето да стане природно, опуштено и вистинско уживање исполнето со секојдневни моменти.

Посебна пролетна промоција

Но, современиот дом не го сочинува само готвењето и дружењето, туку и лесното секојдневно одржување. Доаѓањето на пролетта е идеално време за освежување на просторот – брзо, едноставно и без стрес. Со актуелните попусти на „Samsung” правосмукалки, машини за миење садови, машини за перење и сушење алишта, чистењето станува речиси незабележлив дел од рутината. Искористете ги посебните поволности до 30 април 2026 година кај „Samsung” продажните партнери и претворете ги обврските во задоволство.