Скопје, 16 март 2026 година – „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес најави дека нивниот Micro RGB телевизор (модел R95H) ги доби сертификатите за „Безбедност за очите“ (Safety for Eyes) и за „Приказ на циркадијалниот ритам“ (CRD – Circadian Rhythm Display) од „Verband Deutscher Elektrotechniker“ (VDE), водечки глобален институт за тестирање со седиште во Германија.
Произлезени од пошироката „EyeCare Circadian“ сертификација на институтот „VDE“, овие сертификати применуваат попрецизна рамка за евалуација, независно потврдувајќи ја безбедноста на очите и поддршката за циркадијалниот ритам за поригорозна проценка на перформансите на екранот. Оваа промена им нуди на потрошувачите посеопфатна гаранција за удобно искуство при гледањето.
Поконкретно, сертификатот за „Безбедност за очите“ ја оценува безбедноста на екранот при долготрајно гледање преку анализа на светлосните емисии од дигиталните уреди, со посебен фокус на сината светлина и нејзиното влијание врз здравјето на очите. Во меѓувреме, сертификатот за „Приказ на циркадијалниот ритам“ испитува колку добро екранот го поддржува биолошкиот часовник на корисникот. Тој ја мери способноста на екранот да ја имитира природната светлина преку прилагодување на температурата на бојата и осветленоста врз основа на времето од денот, истовремено намалувајќи ја сината светлина во вечерните часови за да се спречи супресија на мелатонинот, со што се поддржува природниот циркадијален ритам и визуелниот комфор.
Samsung Micro RGB телевизорот ги исполнува строгите стандарди поставени од двата сертификати, демонстрирајќи ја својата посветеност на безбедноста и удобноста на очите. Напредната Micro RGB LED архитектура на екранот е особено значајна по тоа што прецизно ги прилагодува осветленоста и бојата за да создаде оптимални услови за гледање во кое било време од денот.
Откако веќе обезбеди сертификат за „Безбедност за очите“ за својата линија телевизори за 2026 година и за „Приказ на циркадијалниот ритам“ за премиум моделите, „Samsung“ сега ја проширува сертификацијата за „Приказ на циркадијалниот ритам“ на поширок спектар производи.
„Micro RGB телевизорот поставува нов стандард на пазарот на премиум телевизори со тоа што е верифициран и за безбедноста на очите и за поддршката на циркадијалниот ритам“, изјави Тејонг Сон (Taeyong Son), Извршен Потпретседател на Бизнисот со Визуелни дисплеи (Visual Display) во „Samsung Electronics“. „Ќе продолжиме да испорачуваме технологии за екрани кои ги земаат предвид средините за гледање на нашите корисници и го подобруваат нивниот начин на живот“.










































