Фото: Shutterstock.com

Amazon Web Services – AWS, еден од неколкуте најпознати и масовно користени „сервери“, во текот на денешниот ден имаше сериозни проблеми поради што недостапни беа повеќе сервиси низ светот. 

Големи се шансите дека и корисниците во Македонија користат некој од сервисите кои не беа достапни во текот на денот, неколку часа, а тие ги вклучуваат такви како Signal, Snapchat, Facebook, Prime Video, Ring, Fortnite, Perplexity и други, меѓу кои и банкарски системи и други бизниси низ светот. 

Проблемот е поврзан со DNS сервисите, кратко кажано, а истиот сега е решен, па сите погодени сервиси веќе треба да се вратени во целосна функција. 

Моменталниот статус на AWS сервисите може да се провери тука

Претходна статијаПовик до стартапи за тестирање на рециклиран филамент за 3Д принтање
Следна статијаИновација во циркуларната економија и креативните индустрии
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.