Според објава од страна на Neowin, а врз основа на истражување кое е направено од страна на Digitain, новиот интернет прелистувач од OpenAI е на првото место, но не според нешто добро.
Истражувањето, за кое нема баш детални информации, е направено на основа на три мерки, односно приватност и „anti-fingerprinting“, блокирање на податоци и „тракери“, како и безбедност на конекцијата и навигацијата на страните.
Резултатот од ова истражување покажува нешто што одамна е познато, а тоа е дека најпопуларниот прелистувач на пазарот, Google Chrome, не е баш најдобар кога се мерат вакви мерки, но сепак овој прелистувач е на второто место.
Првото место, со резултатот 99 од 100, а колку е повисок резултатот, толку е полошо, го држи ChatGPT Atlas, новиот прелистувач од OpenAI.
Овој прелистувач, според информациите, воопшто не е направен со земање во предвид приватноста и безбедноста на корисниците, а кога на тоа ќе се додадат и ризиците кои доаѓаат со овие нови ВИ прелистувачи, дефинитивно заклучокот е дека корисниците треба да останат на својот моментален прелистувач.
Второто место го држи Chrome со 76 од 100 поени, што во споредба со Atlas е одличен резултат.
На трето место е Vivaldi со 75 поени, па следи Microsoft Edge со 63, Opera со 58, Ungoogled Chrome со 55.
Mozilla Firefox има 50 од 100 поени, а после доаѓа Apple Safari со 49, па DuckDuckGo со 44 и на крајот Tor со 40.
Според информациите, најдобри за приватноста за прелистувачите Brave, како и помалку познатиот за обичните корисници, Mullvad Browser.











































