Google најави промени во начинот којшто функционира Location History функцијата во нивната Maps апликација која треба да овозможи доста поголема приватност за корисниците.
Оваа функција им овозможува на корисниците да можат да ги видат сите локации кои ги имаат посетено, нешто што секако може да биде корисно, но без грижите за приватноста кои доаѓаат со истото.
Сега Google ќе направи да овие грижи ги нема или барем се доста помали. Историјата на посетени локации ќе почне да се генерира и чува на самиот уред од корисникот, наместо на серверите од компанијата. Тоа значи дека оваа информација ќе почне да биде достапна само за корисникот, но не и за Google.
Доколку корисникот сепак сака да ја зачува оваа информација и да ја префрли на друг телефон, може да направи бекап на серверите од Google, но овој бекап ќе биде од-крај-до-крај шифриран, што значи дека ни Google нема да има пристап до него.
Оваа новина од компанијата најавуваат дека ќе им стане достапна на корисниците во наредните година дена, што значи дека има време додека сите ја добијат.
До подеталните информации поврзани со локацијата сега ќе може да се стигне и со притискање на сината точка која ја означува моменталната локација на корисникот. Од тука ќе може да се види дали се вклучени локацијата и историјата, и ќе можат да се променат нивните состојби.
Иако оваа новина целосно ја трга грижата за тоа дали Google има пристап до сите локации кои ги има посетено корисникот, тоа сепак не е баш така. Како што можевме да прочитаме и пред некоја година, историјата на локациите не е единствениот начин на којшто Google ги собира информациите за локацијата на корисникот, па истото се прави и преку друга функција наречена Web & App Activity.