Фото: Shutterstock.com

Исклучувањето на поддршката за „колачиња“ од трети страни во Google Chrome, процес кој конечно започна на почетокот од оваа година, повторно се одложува. Причината за тоа е забелешката која ја има британското регулаторно тело, CMA – Competition and Markets Authority за Privacy Sandbox функцијата од Google која треба да ги замени „колачињата“, барем во делот за реклами.

Според CMA, оваа алтернатива на „колачињата“ сепак не овозможува заштита на приватноста на корисниците како што се тврди. Тие сметаат дека огласувачите повторно можат да најдат начин како да ги „следат“ корисниците, па Google сега ќе мора да се објаснуваат на оваа тема.

Privacy Sandbox функцијата овозможува групирање на корисниците во таканаречени теми, кои ги има одреден број, по што на огласувачите им се пушта само темата, наместо да имаат пристап до сите страни кои ги отвора корисникот. Групирањето се прави локално на уредот, па поради тоа и треба да е зголемена приватноста на корисниците.

Тргањето на поддршката за „колачиња“ од трети страни Google ја најави уште во 2020 година, а во 2022 беше најавено првото одложување.

Сега, наместо до крајот на годината да заврши процесот, истиот се најавува за идната година, но веќе може да се заклучи дека додека истиот официјално не заврши, џабе ги гледаме најавите.

ИЗВОРThe Hacker News
Претходна статијаВо понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”
Следна статијаHMD ги претстави првите смартфони под новиот сопствен бренд после години работа со Nokia
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.