Фото: Shutterstock.com

Според информации од The Information, Meta развиваат сопствен интернет пребарувач со вештачката интелигенција, а компанискиот „попишувач“ веќе има започнато со индексирање на веб страните.  

Од компанијата се имаат одлучено за развој на сопствен пребарувач поради желбата да се намали зависноста од Google и Microsoft, чии пребарувачи моментално се користат при давањето на одговори од страна на „ботовите“ од Meta AI. 

Развојот на сопствен пребарувач ќе значи давање одговори од сопствени ресурси, а ова е нешто што на крајот повеќето од поголемите компании го сакаат. 

Веќе подолг период се пишува дека и Apple работат на сопствен интернет пребарувач, а од компанијата моментално во главно функционираат со Google, кој е поставен и како стандарден пребарувач кај сите нови уреди. 

Во ваков правец одат и OpenAI кои веќе го претставија нивниот SearchGPT, пребарувач кој е во развој и се’ уште не е достапен.