Очекувано беше дека Chat функциите на Bing, односно новиот Bing ќе биде достапен само преку Microsoft Edge. Од компанијата се познати по форсирањето на нивните производи, па ова не изненади никого.

Минатиот месец беше најавено дека пристапот до новиот Bing ќе биде пуштен и за другите прелистувачи, па со тоа ќе можат да почнат да го користат и корисниците кои не сакаат да се префрлат на Edge.

Оваа достапност според информациите е започната, иако не секаде, па корисниците можат да почнат да го користат Bing Chat и преку Chrome на Windows, како и Safari на macOS.

На Windows 11 новината од компанијата ја промовираат преку известување кое се појавува во форма на картичка од долната лента.

Сепак, Microsoft не пропуштија да на Bing Chat на другите прелистувачи му стават неколку ограничувања кои на крајот би требало да ги мотивира корисниците сепак да го користат Edge.

Наместо 4000 карактери ограничување во полето за текст, корисниците преку Chrome и Safari имаат ограничување од 2000 карактери. Исто така, наместо 30 пораки како на Edge, корисниците на другите прелистувачи имаат можност да разменат само 5 пораки, по што ќе мора да почнат нов разговор.

Без разлика на ова, корисниците кои го немаат пробано Bing Chat или многу ретко го користат поради тоа што не сакаат да го вклучуваат Edge, сега ја имаат можноста за користење на оваа корисна алатка.

Инаку, Bing Chat е направен на основа на GPT-4 технологијата од OpenAI и се работи за генеративна вештачка интелигенција која функционира со помош на големи јазични модели. Корисниците можат да поставуваат прашања со нормален говор, па да добијат одговор сумиран од повеќе страни, наместо самите да ги бараат и читаат посебно.

Дополнително, Bing може да креира содржина, слики, а може да прави проверка и на код, меѓу другото.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаBARBIE SmartThings DreamHouse: Samsung го објавува партнерството со Warner Bros. Pictures за истоимениот филм
Следна статијаСветска премиера на филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски на филмскиот фестивал во Венеција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.