NameDrop е нова функција која беше претставена со iOS 17, како надополнување на AirDrop. Корисниците можат едноставно да ги доближат и допрат своите два телефони и да започнат процес на споделување на своите контакт информации.
Оваа новина вклучува и можност за споделување на датотеки, како слики, со едноставното допирање на телефоните.
Властите во неколку федерални држави во САД почнаа да ги предупредуваат корисниците и да ја означуваат NameDrop функцијата како безбедносен ризик, но во основа се работи за непознавање на нејзиното функционирање.
Предупредувањето е поради верувањето дека некој се што треба да направи е да го доближи својот телефон до некој друг и со тоа автоматски да ги преземе контакт информациите од тој корисник, без тој да знае.
Сепак, NameDrop не функционира баш така. Иако процесот започнува и кога двата уреди се заклучени, сепак за да продолжи потребно е двете страни да ги отклучат уредите и да го потврдат споделувањето на информациите или датотеките.
Со најновата верзија од watchOS, корисниците можат да ја користат NameDrop функцијата и преку нивниот Apple Watch.
Како што пишуваат американските портали, ова не е првпат властите да ги предупредуваат корисниците за нешто кое не го разбираат и го немаат проверено како што треба.