Новиот Bing сега може да одговара со слики и видеа, односно истите да ги прикаже во одговорите, наместо само да даде линкови до веб страни како досега. За да вклучи слики или видеа во своите одговори, Bing треба да биде конкретно прашан да ги прикаже истите.

На пример, од насловната слика можете да видите дека му кажавме на Bing да ни прикаже слики од Скопје. Тој по краток текстуален одговор, во продолжение прикажа повеќе слики од градот со линк да се видат повеќе слики.

Очекувано, сликите и видеата кои ги прикажува Bing се од самиот пребарувач, односно тие може да се побараат и преку класичното пребарување и не би имало некоја разлика. Главната предност при пребарување слики и видеа со користење на Chat делот е што се добива дополнително објаснување за истите.

Корисниците можат да прашаат како функционира нешто, па покрај објаснувањето, во продолжение може да се добие слика или видео, па на тој начин подобро да се разбере концептот.

Можноста за одговори со слики и видеа е достапна со изборот на креативен и балансиран стил на одговори, но не и кај прецизниот. Доколку се одбере креативниот, одговорите при барањето слики или видеа се подолги, односно даваат повеќе информации за барањето, а не само одговор дека се прикажани сликите.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаНовата серија Galaxy A54 5G и Galaxy А34 5G влегува на голема врата: Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии
Следна статијаSamsung Galaxy S24 Ultra ќе дојде со екран со стапка на освежување од 144 херци
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.