Познатиот сервис за препознавање на музика, веќе со години во сопственост на Apple, ја додаде можноста за гледање на најпопуларните делови од песните.
Популарните делови се деловите од песните кои имаат предизвикано корисникот да реши да сака да ја препознае конкретната песна со Shazam.
Засега, „popular segments“ делот може да се види преку веб страната од Shazam, но не и преку мобилните апликации, а нема информација дали такво нешто може наскоро да се очекува.
Корисниците можат да ја отворат било која од песните кои се достапни на топ листите од главната страна на Shazam и да видат кој делови имаат поголема или помала популарност.
Истото може да се види и за некоја песна која во моментот корисникот ќе ја „препознае“, но за истото треба да има доволно корисници кои го направиле истото за да може да се види реална статистика.










































