HERE Technologies, како глобален лидер во дигиталното мапирање и услугите за локација, како дел од напорите да се понудат најнапредните мапи на светот, оваа пролет ќе мапира високо чувствителни (3D) тродимензионални форми во Македонија.
HERE, со цел да ги опфати многу чувствителните податоци на патиштата, вклучувајќи ленти и знаци на патот, во месец мај и јуни 2025 година на улиците ќе вози со возило опремено со најнова технологија.
Јасно обележеното HERE возилото, покрај 3D и снимките на улично ниво, ќе ги опфати и интересните точки како што се продавници, бензински пумпи и ресторани.
Овие информации ќе се користат за создавање богати и детални мапи, дизајнирани за поддршка на високо автономни возила и други напредни услуги кои ја подобруваат безбедноста на патиштата, го намалуваат сообраќајниот метеж и им овозможуваат на луѓето полесно да навигираат во урбаните области.
Во наредните недели возилото ќе патува по сите поголеми патишта низ целата земја и по улиците на некои градови. Целиот процес тече непречено и не го прекинува редовниот проток на сообраќај.
HERE, е посветена на почитување и заштита на приватноста на луѓето. Регистрираните снимки се чуваат во возилото и потоа во шифрирана форма се пренесуваат и се чуваат во безбеден објект. По нивното пренесување, за откривање и замаглување на лица и регистарски таблички се преработуваат со софтвер и напредни алгоритми водечки во индустријата. Снимките се објавуваат само по замаглување на лица и регистарски таблички.
Во ретки случаи, како на пример кога снимката правилно не е замаглена, HERE ја олеснува можноста секој да ја пријави оваа состојба. Посетете ја официјалната страна и во долниот лев агол на картата кликнете на алатката „Пријави Официјално“.
За да дознаете повеќе за проектот, за тоа како HERE ја заштитува вашата приватност и за да уживате во богатото искуство со мапирање, Ве молиме да ја посетите веб-страницата http://www.here.com/en/drive-schedule.