Microsoft склучи договор со кој што за 5.4 милијарди евра купи дел од бизнисот на Nokia, односно нивниот најголем дел задолжен за уредите и сервисите. Договорот беше склучен во Септември оваа година, но за негово реализирање, поради големината на истиот и законските регулативи, беше потребно да биде одобрен од неколку страни. За договорот прво беше добиена согласност од акционерите на Nokia, кои го одобрија купувањето минатиот месец. Договорот исто така оваа недела беше одобрен и од страна на Министерството за правда на САД.
Денеска со соопштение излезе и Европската комисија која што исто така го одобри овој договор. Во соопштението заклучуваат дека трансакцијата нема да покрене грижи за конкурентноста, конкретно затоа што постојат само мал дел на поклопувања помеѓу активностите на странките и поврзаноста помеѓу мобилните оперативни системи на Microsoft, мобилните апликации и mail серверот за компании со паметните уреди на Nokia не би требало да доведат до уништување на конкуренцијата на пазарот.
Европската комисија, како што истакнуваат во извештајот, ги има истражено и бројните вертикални односи помеѓу активностите на споените ентитети на пазарот за паметни мобилни уреди и активностите на Microsoft на пазарот на мобилни оперативни системи, мобилни апликации и софтвер за mail сервер за компании, како и поврзани комуникациски протоколи. Комисијата има заклучено дека:
- Мали се шансите од Microsoft да престанат да ги снабдуваат третите страни со својот оперативен систем после трансакцијата
- Исто така мали се шансите Microsoft да го ограничи снабдувањето на своите мобилни апликации, како што е Office пакетот или Skype на конкурентни провајдери на мобилни уреди
- Microsoft нема да ја има можноста да ја ограничи интероперабилноста на конкурентните паметни мобилни уреди преку Exchange серверот, поради условите во моменталните договори за патенти кој ги покриваат комуникациските протоколи на серверот.
Извор: Прес центар – Европска Унија