Со едно пластично шише или лименка до влезница на концерт на NATALEE, Фолтин, SIZ и KEM

Идејата е да има добра забава, но и едукација на сите, вклучително и младите за екологија и за селекција на отпад

Со една лименка или пластично шише како влезница, благодарение на Пакомак, во петок 15 септември, во 20:00 часот, можете да влезете на концерт на NATALEE, Фолтин, а потоа и да го проследите настапот на SIZ и KEM кој ќе се одржи на платото пред Македонска опера и балет (плоштад Мајка Тереза), како дел од фестивалот „Звукот на Скопје“.

Овој еко-фестивал веќе традиционално се одржува, па и оваа година има цел да го поттикне зачувувањето на животната средина и еколошките навики кај луѓето. Целта е преку музика и забава, селектирањето на отпадот да стане дел од нашето секојдневие, од нашиот животен стил, а во функција на здрава и чиста животна околина.

Дополнителна поволност е да се добие гратис Скопско Смут, а треба само да ја преземете апликацијата Pakomak Ecomak од Google Play тука – https://bit.ly/3psabwV или од App Store тука – https://bit.ly/3qTV7PK, да селектирате 5 пластични шишиња или лименки на некоја од следните локации – https://bit.ly/44Hmpq8 и да ги покажете поените од апликацијата на луѓето зад шанкот.

Идејата е да има добра забава, но и едукација на сите, вклучително и младите за екологија и за селекција на отпад. Влезницата за тој концерт ќе биде едно пластично шише или една лименка. Со добрата музика и забава привлекуваме публика и испраќаме еколошка порака од целиот фестивалрече Ико Брдароски од „Пакомак“.

Селектираме, слушаме добра музика и уживаме. Спојувањето на музиката со намалување на отпадот и промоција на рециклирањето претставува инспиративен начин да се придонесе кон почиста околина и подобра иднина. Фестивалот е пример за тоа како малите акции може да направат значителна промена и да создадат хармонија што одекнува долго откако музиката ќе заврши. Овој настан зборува и за тоа колку се важни креативните решенија во глобалните напори да се создаде позелен и поодржлив свет.

Претходна статијаЕвропската Комисија ги назначи првите шест компании „чувари“ според Digital Markets Act
Следна статијаНа Microsoft му текна дека треба да го намали бројот на непотребни функции кај нивниот Edge