Фото: Shutterstock.com

Сојузот на средношколци апелира што побрзо да се реши проблемот во Математичко информатичката гимназија бидејќи апсурдно е учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно. Непречениот образовен процес е уставно и законско право на секој ученик и државата истото мора да го почитува и запазува. Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за 8 стручни предмети во МИГ.

Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по Математиката и Информатика. Силно веруваме во тоа дека развојот на сите науки е екстремно важен, особено земајќи ја предвид круцијалната улога на средното образование во процесот. Ја потсетуваме јавноста дека Сојузот на средношколци се залага за отворање на две нови селективни гимназии – Јазична гимназија по примерот на Филолошките гимназии во Белград и Сараево и Хуманистичко-општествена гимназија по примерот на францускиот образовен систем.

Надлежните мора да ја регулираат ситуацијата во МИГ и да се држат на високите посакувани стандарди – не само бидејќи е уставно право на нејзините ученици, туку и за да ни докаже дека нашите амбиции за развојот на сите науки се реални и остварливи.

Претходна статијаНад 60% од корисниците на паметни часовници бираат класичен наместо спортски дизајн
Следна статијаSamsung утре ја претставува Galaxy S23 серијата – што се очекува и како да го следите настанот во живо