internet-explorer

Иако Internet Explorer е доста напреднат од неговите постари верзии, сепак да не беа постарите корисници кои што не го менуваат овој пред-инсталиран прелистувач на нивните компјутери, како и некои бизнис корисници, скоро никој немаше доброволно да се одлучи за негово користење. Компатибилноста со новите веб технологии е подобрена, но за жал сепак се’ уште има доста страни кои што не можат да се отворат како што тоа се прави на другите прелистувачи. Исто така, една од најголемите предности на другите прелистувачи е големиот избор на додатоци (extensions, plugins) кои што ги имаат и со кои што се унапредува сурфачкото искуство на корисниците. Internet Explorer вклучува можност за инсталирање на додатоци, меѓутоа тие се лошо имплементирани, а изборот и скоро да не постои.

Според порталот Neowin, Microsoft сериозно работи на наредната верзија од нивниот прелистувач, па Internet Explorer 12 ќе биде целосно различен од досегашните верзии и ќе вклучува неколку важни промени. Од Neowin тврдат дека ја имаат видено новата верзија и истата ги вклучува следните промени.

Internet Explorer 12 или како и да биде наречен, ќе вклучува целосно нов кориснички интерфејс кој што треба да личи на еден вид комбинација на Google Chrome и Firefox. Табовите наместо од десната страна на лентата за адреси, ќе бидат поставени на горната страна и ќе почнуваат од крајниот лев дел. Лентата за адреси ќе биде поставена под нив, а до неа ќе бидат поставени стандардните back, forward и refresh копчиња. Дизајнот на IE треба да биде направен во по рамен стил, нешто што можеше да се види и за остатокот за новата верзија од оперативниот систем од неофицијални слики.

Можеби поинтересна и важна најавена новина во IE 12 е промената на системот за додатоци, односно extensions со што ќе се овозможи инсталирање на такви со какви сме научени да работиме на другите прелистувачи. Дали оваа можност ќе биде додадени и на модерната верзија од прелистувачот не е нагласено во овој момент.

Internet Explorer 12 не се очекува да биде спремен до крајот на овој месец за кога се најавува достапност на тест верзија од Window 9 или како и да биде наречен системот, па тој се очекува да биде пуштен со финалната верзија идната година.

Извор: Neowin, WPCentral

Претходна статијаНеофицијални слики од Windows 9 ги покажуваат најавените новини
Следна статијаНовото Start мени во Windows 9 прикажано на видео
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.