bolt-app1

Bolt е апликација наменета да ја замени вашата вградена апликација преку која што повикувате броеви, односно вградената Android Dialer апликација, па сите повици отсега да ги правите преку неа. Меѓутоа оваа апликација не нуди само друг кориснички интерфејс за повикување на броеви или вашите контакти. Истата претставува и сервис за интернет повици VoIP), па преку неа ќе можете да повикувате други Bolt корисници бесплатно користејќи ја вашата интернет конекција.

Bolt автоматски препознава дали контактот што го повикувате ја користи апликацијата, па повикот го прави преку интернет или доколку контактот не ја користи апликацијата, повикот го прави преку GSM, односно како било кој друг обичен повик за кои што операторот ви наплаќа по минута.

Корисничкиот интерфејс на Bolt е едноставен и е наменет да без многу додатни работи кои би ви го одвлекле вниманието ја вршите основната работа за која што е наменет вашиот телефон, правење на телефонски повици. Кога ќе ја отворите апликацијата ќе видите три табови на кој што се прикажани вашите омилени контакти, листа на направените повици и бирач (dialer). Омилените контакти се автоматски наместени од страна на апликацијата врз основа повиците што ги правите, односно контактите со кои што најчесто комуницирате ќе бидат поставени во листата. Останатите контакти можете лесно да ги пребарате по име, презиме. Контактите кои што се корисници на Bolt ќе бидат претставени со посебна икона на нив, па ќе знаете кога повикот што го правите е бесплатен преку интернет.

bolt-app2

Сега за сега Bolt нема можност за испраќање на бесплатни пораки преку интернет, како неговите конкуренти Viber, WhatsApp, Skype и слични, меѓутоа можноста е најавена за во иднина. Од Bolt исто така најавуваат можност за воведување на сервис за јавување на обични броеви преку интернет, како Skype на пример и можноста за портирање на телефонскиот број на Bolt сервисот.

Апликацијата моментално е достапна за Android 4.0 и нагоре корисниците, а се најавува и iOS достапност во иднина. Можете да ја симнете во Play Store или преку следниот линк.

bolt-qr

Претходна статијаGOTCHA – нов систем за регистрирање и најавување на онлајн сервиси
Следна статијаThe Right Arm – универзален држач за таблет компјутери
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.