fb-slingshot-screens

Facebook веќе подолг период се обидува да го прошири своето присуство во други области во социјалните мрежи. Facebook, како основна и главна социјална мрежа на компанијата се’ уште има огромен број на корисници и ниедна друга мрежа нема успеано директно да ја загрози нејзината позиција и популарност. Меѓутоа Facebook може да се каже дека е во опасност од сервиси и апликации кои што не се ни обидуваат да бидат целосна и од овој тип социјална мрежа. Се работи за сервисите за споделување на слики, како и сервиси за пораки. Поради тоа Facebook веќе ја купи социјалната мрежа за слики Instagram, а се обиде, но без успех, да ја купи и Snapchat апликацијата која што е позната по споделувањето на слики со пријателите кои што потоа се бришат и не може да бидат видени по втор пат.

Минатиот месец беше пуштена информацијата дека од Facebook се во изработка на апликација која што треба да биде директна конкуренција на Snapchat и одговор на компанијата на тој дел од пазарот, а и неможноста да го купат сервисот. Информациите беа потврдени со случајното објавување на апликацијата во App Store, по што веднаш беше повлечена.

Од оваа недела Slingshot е достапна за iOS и Android корисниците, меѓутоа во почеток само за корисниците во САД. Апликацијата во основа претставува конкуренција на Snapchat, со тоа што нуди можност за комуникација со пријателите со испраќање на слики, на кои што може да се додаваат наслови, цртежи и слично, како и главната функција за бришење на сликите по нивното читање. Сепак Slingshot е направена да биде и повеќе од само еден вид на копија на Snapchat. Па така, наместо можноста за споделување на сликите само со еден пријател, Slingshot овозможува споделување со сите, односно колку сакате пријатели. Покрај слики, корисниците може да споделуваат и видеа. Најавувањето на апликацијата не бара да имате Facebook сметка, односно се врши преку телефонскиот број, како што тоа го прават апликациите како Viber и слични.

Главната карактеристика на Slingshot, која што ја прави различна не само од Snapchat, е начинот на кој што функционира споделувањето на сликите. Поточно, испратената слика примачот не може да ја види, односно таа е заматена, се додека не испрати и тој слика на испраќачот.

Дали би ја користеле оваа апликација, а и дали сте корисник на Snapchat апликацијата која што во главно е популарна кај помладите корисници ?

Извор: Engadget

Претходна статијаЦелосно нова Facebook апликација за Windows Phone достапна во бета верзија
Следна статијаЗаштитете го вашиот компјутер со новата Anti-Exploit алатка од Malwarebytes
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.